Храбра пензионерка Vs крадец на велосипеди

Во Јужен Јоркшир, Англија безбедносните камери снимиле интересен настан во кој главна ѕвезда е 72-годишна пензионерка која храбро му се спротивставува на крадец на велосипеди.

Снимките покажуваат младо момче како зема велосипед од продавница и сака да си замине, додека постара жена се обидува да го запре. По неколку секунди од продавницата излегуваат и двајца мажи кои не ѝ помогнаа баш многу на старицата, која сепак на крајот сама ја избори победата над крадецот.