Honda претстави авион со луксузна кабина и систем за автоматско слетување

Honda обично привлекува внимание со своите автомобили, но сега фокусот е на еден авион.

Јапонскиот производител го претстави авионот HondaJet Elite II на настанот European Business Aviation Convention and Exibition во Женева, Швајцарија, за кој вели дека е „најбрз во својата класа“, но и достигнува „најголема височина“ и има „најдолг дострел“.

Авионот има композитен труп и карактеристична конфигурација за поставување на моторот над крилото. Овој модел е придвижуван од два мотора GE Honda HF120, од ​​кои секој генерира по 930 кг потисок. Elite II лесно може да полета од писта долга 1.128 метри и да помине растојание од 2.865 километри со 4 патници без застанување. Од Honda велат дека се работи за авион со најголема кабина во класата, кој воедно е и најекономичен.

Стандардната конфигурација е наменета за 6 патници и еден член на екипажот, но има и верзија со 7 патници. Од Honda не открија многу за внатрешноста освен дека е подобрена акустиката, а авионот е опремен со авијациски системи за звук Bongiovi. Волуменот на багажниот простор е 1.756 литри.

Купувачите можат да изберат внатрешност Onyx или Steel, и двата со конфигурација executive club со двобојни кожни седишта што може да се прилагодат за максимална удобност. Внатре има и целосно затворен тоалет, додека самиот ентериер е опишан како „лесен и воздушен“ и „приватен и привлечен“.

Авионот е опремен со авионски пакет Garmin G3000 и автоматизирани системи за мраз, осветлување и притисок. Покрај тоа, Elite II ќе се нуди со функцијата Emergency Autoland, која „автоматски го контролира и приземјува авионот без човечка интервенција“. Системот е дизајниран да ги спасува патниците во ситуација кога пилотот е веројатно онеспособен.

Цените сѐ уште не се објавени, но Honda е сертифицирана од Американската вселенска администрација и очекува да биде сертифицирана и од Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската Унија.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе