Honda планира да претстави 10 електрични мотоцикли до 2025

Honda, најголемиот произведувач на мотоцикли во светот, најави дека до 2025 година ќе бидат претставени 10 или повеќе електрични мотоцикли.

Од Honda соопштија дека електричните мотоцикли ќе бидат наменети за европскиот и азискиот пазар, но некои од нив ќе бидат достапни и во Северна Америка. Исто така, не треба да се очекува многу модели со високи перформанси бидејќи од тоа што го објави Honda можат да се видат 11 силуети на потенцијални електрични модели од кои само четири не изгледаат како мопеди.

Honda развива нова платформа наречена FUN и планира на јапонскиот, европскиот и на американскиот пазар да пласира три големи електрични модели меѓу 2024 и 2025 година. Исто така, јапонската компанија работи на детски велосипед заснован на истиот погон и батерија.

Honda ќе продолжи да произведува модели на мотори со внатрешно согорување, но еколошки прифатливи благодарение на користењето Е20 и Е100 гориво базирано на етанол.

Целта на Honda е нејзиниот бизнис со мотоцикли да биде карбонски неутрален до 2040 година, а електричните модели да бидат 15% од продажбата на мотоцикли до 2030 година.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе