Останати спортови

Холандска атлетичарка осудена на 8,5 години затвор за криумчарење 50 кг дрога

5. ноември 2019 - 8:34 | МИА / Ф.З.

Дизелдорф, 5 ноември 2019 (МИА) – Холандската олимписка атлетичарка Мадија Хафур (27) е осудена на осум и пол години затвор за шверц и продажба на дрога.

Таа беше уапсена во јуни годинава за време на рутинските проверки на германската граница и во таа пригода, пронајдени 50 килограми таблети екстази, два килограма кристал мета и 11.950 евра во готово во багажникот на нејзиниот автомобил, јави BBC.

Хафур по изрекување на казната рече дека ќе се жали, додека Холандската атлетска асоцијација соопшти дека е шокирана од пресудата.

Атлетичарката за време на судењето се бранеше дека не знаеле што носи во автомобилот и дека мислелa носи лекови за допинг. За време на судењето, таа одби да каже кој ја дал дрогата со образложение дека се плаши за семејството и пријателите.

Хафур е родена во Амстердам, но нејзиното потекло е од Пакистан. Таа на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро во 2016 година ги бранеше боите на Холандија на штафетата 4х400 метри.