Филм & ТВ

„Hobbs & Shaw“ втор викенд на врвот на бокс-офисот

12. август 2019 - 15:03 | Б.С.Б.

Спинофот со Двејн Џонсон и Џејсон Статам заработи 25,4 милиони долари во вториот викенд на прикажување. Филмот заработи 108 милиони во Северна Америка и 224 милиони долари на меѓународно ниво, доминирајќи на бокс-офисот во САД и Канада.

На второ место е премиерата на „Scary Stories to Tell in the Dark“, со заработка од 20,8 милиони долари. Потоа следува „The Lion King“, со заработка од 20 милиони долари во четвртиот викенд на прикажување.

На четвртото место е „Dora and the Lost City of Gold“ со заработка од 17 милиони долари од првиот викенд на прикажување. Меѓу првите пет е и „Once Upon a Time“ со заработка од 17 милиони долари.

Ова е целосната листа:

1. Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw – 25,4 милиони долари

2. Scary Stories to Tell in the Dark – 20,8

3. The Lion King – 20

4. Dora and the Lost City of Gold – 17

5. Once Upon a Time in Hollywood – 11,6

6. The Art of Racing in the Rain – 8,1

7. The Kitchen – 5,5

 8. Spider-Man: Far from Home – 5,3

9. Toy Story 4 – 4,4

10. Bring the Soul: The Movie – 2,3 милиони долари.