Хајлајтс, ама само од Антонио Конте

Генијална идеја, од Интер поставиле камера да го снима само тренерот Антонио Конте. Резултатот е две минутна комедија.

На гостувањето во Прага во средата во рамките на Лигата на шампиони на некој во Интер му текнало да постави камера која 90 минути ќе снима директно во стратегот Антонио Конте.

Извадени се најинтресните моменти, односно хајлајтс од движењата, реакциите и гримасите на Конте. Интересно, нема што.