ГРОМ: Ништо од Никогаш Северна, само Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски паднаа на првиот колоквиум, и тоа во техничка влада

Граѓанската опција за Македонија ГРОМ со чудење ги гледа настапите и активностите на новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Чудењето доаѓа оттаму што неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од 2019 година па наваму постојано зборуваа дека ќе го вратат уставното име, велат од ГРОМ.

„Најмалку што очекувавме е министерот да ги затвори шалтерите во МВР за издавање на лични документи и да каже: 'Нема Северна Македонија! ВМРО-ДПМНЕ за три месеци доаѓа на власт и ќе го врати уставното име'.

Напротив, тој уште не преспал, дојде со однапред подготвена стратегија како најбрзо да нѐ претвори во Северџани. Ништо од слоганот 'Никогаш Северна, само Македонија!' За жал, ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски паднаа на првиот колоквиум, и тоа во техничка влада. Петгодишната лага и замајување на македонскиот народ излезе на виделина.

Ако по утрото се познава денот, исто вака ќе нѐ изманипулираат за наводното репреговарање на француско-бугарскиот договор. Целта ги оправдува средствата. Во конкретниот случај, целта е 'на врат, на нос' да се дојде на власт преку добро познатото средство кое се вика лага иманентна за Мицкоски и неговата дружина од Белата палата.

Наместо борба за уставното име и да се зачуваат пасошите со Република Македонија, Тошковски направи формална средба со грчката амбасадорка, излижа каде што плукала цела партија и побрза што е можно повеќе Македонци да претвори во Северџани.

Еден поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој многу работеше, а малку лажеше, велеше: 'Вистината е како шило. Врти, врти, врти и ќе излезе на површина!“, се додава во соопштението на ГРОМ.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе