Град Скопје во ноември домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во ноември годинава ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет, во рамки на Годишниот Самит на Глобалниот парламент на градоначалници кој во 2023 година ќе се одржи во Македонија.

„Одлична средба и разговор во Вашингтон со Амбасадор Нина Хачигиан, Специјалниот претставник на Стејт Депарментот во САД за градска и државна дипломатија која го води и координира ангажманот на Стејт департментот со градоначалниците од САД и ширум светот, за градење релации меѓу градовите со цел соработка за иновативни решенија, инвестиции и размена на меѓународни искуства. Горда сум што како градоначалник на Град Скопје и дел од раководството на глобалната мрежа на градоначалници, Скопје во ноември ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од САД, Европа, Азија, Блискиот Исток, Африка и што како платформа ќе отпочнеме со заеднички проекти за надминување на предизвиците со кои се соочуваме, особено преку соработка за грижата кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и инфраструктура“, истакна градоначалничката Арсовска при посетата на САД.

Глобалниот парламент на градоначалници преку вклученоста во Обединетите Нации, ОЕЦД и бројни меѓувладини институции, ги промовира и спроведува предлозите на градоначалниците, црпи искуства од успешно спроведените активности од градоначалниците ширум светот, и гради политики со оглед на тоа што градовите со својот придонес од над 85% во БДП имаат клучна улога на глобално ниво.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе