Google лажел за режимот инкогнито, се соочува со казна од 5 милијарди долари

Сите, барем еднаш, сме користеле инкогнито режим при користење интернет прелистувач. Меѓутоа, ако сурфате на интернет анонимно, тоа не значи дека вашите активности се целосно скриени.

На пример, ако користите Google Chrome за инкогнито прелистување на интернет, ќе видите известување дека историјата на прелистување, колачињата, формуларите и податоците за веб-страниците што сте ги посетиле не се зачувани.

Сепак, сите овие информации сѐ уште може да бидат видливи за вашиот провајдер.

Многу луѓе не знаеја дека „приватно“ и не е баш целосно приватно, па бидејќи сметаат дека Google ги измамил, решија да покренат тужба против овој технолошки гигант.

Минатата година Google побара американски суд да ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека корисниците се согласиле на условите што биле јасно објаснети.

Неодамна се случи нов заплет, кога судијката Луси Кох ја одби жалбата на Google, што воедно значи и зелено светло за покренување судска постапка. Доколку пресудата не е поволна за Google, на компанијата ѝ се заканува казна од најмалку 5 милијарди долари.

Според тужбата, доколку корисниците биле свесни што всушност претставува „инкогнито режим“, многу од нив не би посетиле некои веб-страници. Како одговор на одбиената жалба, google одговори дека „остро ќе се брани“.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе