Фудбал

Головите на Ибрахимовиќ, Руни и Нани во конкуренција за најубав погодок во МЛС

10. октомври 2019 - 12:54 | МИА
Њујорк, 10 октомври 2019 (МИА) – На официјалната веб-страница на американската фудбалска лига – МЛС почнато е гласање за утврдување на најубав гол во сезоната 2019.

За признанието претендираат 16 фудбалери. Помеѓу нив се и головите постигнати од страна на Златан Ибрахимовиќ (Лос Анџелес галакси), Вејн Руни (ДСЦ јунајтед), Луис Нани (Орландо сити).

Минатата година сопственик на оваа награда стана Ибрахимовиќ.