Авто новости

Големината е важна: Запознајте го кинескиот SUV со најголемиот екран на светот

15. септември 2019 - 12:52 | Ф.З.

Денес во светот на автомобилизмот повеќе се зборува за инчи отколку за коњски сили. Во Кина тоа многу добро го знаат, па се одлучија да понудат модел кој поради еден детаљ се издвојува од сите останати.

Се вика BYTON M-Byte, a неговиот екран е најголем и е распослан скоро од едниот крај до другиот. Тој е првиот сериски автомобил со дигитален кокпит од неверојатни 48 инчи. Веќе е во производство, а ќе биде достапен и во Европа.

Планот на Кинезите е прво да го пласираат на домашниот пазар и тоа некаде на половина од наредната година, а неколку месеци подоцна да пробаат и на европско тло.

Но, BYTON е моментално во голема трка со времето бидејќи 50 илјади нарачки се веќе направени, а фабриката за масовно производство во Нанчин сѐ уште не е готова.