Ѓоковиќ: Поради бомбардирањето на НАТО огнометот ме потсетува на експлозии на бомби

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен загуби од освојувачот на турнирот, Италијанецот Јаник Синер, а поотоа гостуваше во емисијата „Today Show“ на австралискиот Channel 9, каде кажа неколку работи од неговото детство.

Српскиот тенисер уште еднаш се потсети на растењето и условите во кои ја започнал кариерата.

„Поминавме низ две војни, ембарго од 1992 до 1996 година, кога ниту еден српски спортист не можеше да се натпреварува на меѓународни натпревари. Тоа беа тешки времиња, но тоа ме зацврсти. Можев лесно да тргнам по друг пат, но мислам дека мојата судбина беше да играм тенис и да постигнам големи резултати“, изјави Ѓоковиќ.

Тој истакна како на него силно влијаело бомбардирањето на Србија од страна на НАТО во 1999 година.

„Имав 12 години кога бомбардирањето траеше два и пол месеци без престан. Понекогаш се сеќавам на тоа, најмногу кога слушам огномет бидејќи ме потсетува на експлозии на бомби. Не е пријатно, веројатно е траума. Мислам дека тоа е поврзано и со тоа што не се откажувам“, изјави Ѓоковиќ и продолжи:

„Во Србија има една изрека: можете да ни го убиете телото, но не можете да ни ја убиете душата. јас верувам во тоа. Погледнете колку тенисери во историјата го постигнале тоа што јас го постигнав? Ова не го кажувам за да се пофалам, туку само сакам да се сетам и да разберам што постигнав“, заклучи тој.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе