Тенис

Ѓоковиќ избори четвртфинале на турнирот во Шангај

10. октомври 2019 - 14:20 | МИА
Шангај, 10 октомври 2019 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на турнирот во Шангај, откако попладнево го совлада Американецот Џон Изнер во третото коло.

Србинот го доби првиот сет со 7:5, во вториот беше поуспешен со 6:3. Мечот траеше  еден час и 16 минути.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Гркот Стефанос Циципас.

Мастерсот „Ролекс Шангај“ има награден фонд од 7,4 милиони долари.