Тенис

Ѓоковиќ ги гледал пеналите: Неверојатен подвиг на Звезда!

14. август 2019 - 13:29 | Ф.З.

Новак Ѓоковиќ вчера имаше свој натпревар, но призна дека цело време паметот му бил во Копенхаген каде Црвена звезда дури преку пенали успеа да победи.

Во второто коло од мастерсот во Синсинати Новак се сретна со Американецот Сем Квери, губеше 0:2 и 1:3, а потоа ја покажа својата сила. Токму Црвена звезда била крива за губењето на почетокот.

„Можеби бев малку нервозен бидејќи на три минути пред да излезам на терен скокав во соблекувалната, а потоа и во теретаната. Додека се загревав, заедно со тренерот Горан (Иванишевиќ) и сите други од поранешна Југославија го пратевме натпреварот“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер на крајот победи со 2:0 (7:5 и 6:1), а во наредното коло ќе се сретне со Шпанецот Пабло Карењо-Буста.

„Навистина беше неверојатен подвиг. Честитки до целиот тим, особено до Борјан кој успеа да одбрани толку пенали. Во живот не сум гледал таков натпревар. Секоја чест.“