Според Гинисовата книга на рекорди, брачен пар од Остин, Тексас е најстариот жив пар во светот.
Станува збор за Американецот Џон Хендерсон, кој има 106 години и неговата сопруга Шарлот, која има 105 години. На 15 декември ќе слават 80 години во брак, пишува CNN.
Џон и Шарлот од Тексас во декември ќе прослават 80 години заеднички живот, што е животниот век на просечен Американец. Двајцата се запознале во 1934 година како студенти на Универзитетот во Тексас, а се венчале во 1939 година. Шарлот учела за учителка, а Џон бил дел од фудбалскиот тим.
Истовремено, Џон држи уште еден рекорд, тој е најстариот поранешен фудбалер на Универзитетот во Тексас.
Овој пар е жив доказ за тоа дека љубовта може да го преживее тестот на времето. И двајцата тврдат дека љубовта меѓу нив со текот на годините станала посилна.
Денес, Џон сè уште секојдневно вежба, а на прашањето која е тајната на долгиот живот и среќниот пар, тој одговори: „Живејте умерено и бидете љубезни кон вашиот партнер“.
Коментирај