Германците не знаат што да прават со 350.000 дизел возила

Како дел од напорите за намалување на аерозагадувањето, сè повеќе европски градови наметнуваат ограничувања или забрани за дизел возила. Тоа ги става во неповолна положба оние кои продаваат половни автомобили, стои во анализата на Deutsche Welle.

„До неодамна, продажбата на дизел возила одеше одлично, а сега не можам да се ослободам од нив заради тие забрани. Еве, дизел Passat, еуро 6, речиси нов автомобил, не можам да го продадам ниту за 7.000 евра“, вели Акајган Хасан, сопственик на продавница за половни автомобили во Германија.

Според германското здружение на трговци со автомобили, дизел возило старо три години, со поминати 45.000 километри, губи половина од својата вредност.

Во Германија моментално има околу 350.000 половни автомобили, во вредност од пет милијарди еврa.

„Сите ми велат дека на Балканот можам да продадам поволен автомобил кој има поминато 300.000 километри“, вели еден продавач на половни автомобили.

Во 2018 година, 226.000 возила беа извезени од Германија на пазарите во Источна и Југоисточна Европа. Тоа е двојно повеќе отколку во 2013 година кога беа извезени 142.000 автомобили.

Германците сè помалку купуваат дизел заради забраната, односно ограничувањата во т.н. еколошки зони, кои се воведени во педесетина германски градови во последните години.

На „дизелашите“ им е забрането влегување во центарот на Штутгарт и Хамбург, а според најавите, забраните ќе бидат уште поригорозни во иднина.

Исти мерки се преземаат и во Милано и Лондон, нагласува Deutsche Welle.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Автомобили

Кои бои на автомобили бea актуелни во 2021 годинa?

Read more

Lamborghini Huracan Turbo или Kawasaki H2R - кој е побрз?

Read more

Погледнете како изгледа батеријата на електричниот Hyundai Ioniq 5

Read more

Сцени од снимањето на новиот Џејмс Бонд: Во главната улога најбрзиот Land Rover

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе