Генерален штрајк во Каталонија, илјадници одат кон Барселона

Денеска цела Каталонија е блокирана. Илјадници приврзаници на движењето за независност од сите делови на земјата уште во зорите се упатија кон главниот град за по којзнае кој пат да си ги побараат своите права на самоопределување.

Повеќето фирми и компании ставија клуч на врата овозможувајќи им на вработените да излезат на улиците за што помасовен собир. Маса луѓе од Бадалона, Луспиталет, Сабадељ, Тераса, Љеида, Тарагона, Реус, Жирона и други градови веќе пристигнаа во Барселона или се на пат.