Фудбалерите ги почнаа подготовките за Словенија

Нашата фудбалска репрезентација синоќа го одржа првиот тренинг како дел од кратките подготовски пред клучниот квалификациски дуел во четврток против Словенија.

За време на тренингот повреда на задната ложа заработи напаѓачот резервист Кртсе Велкоски кој дефинитивно нема да биде во комбинација за настап не само в четврток туку и против Полска в недела.

Фото: ФФМ