Феликс воодушеви со слалом ала Марадона
Новата аквизација на мадридски Атлетико, младиот Португалец Жуау Феликс, направи ретко виден слалом минувајќи пола терен низ играчите на Хетафе за на крај да биде спречен со прекршок за пенал.
Дали фудбалот го доби новиот Марадона? Судејќи според она што Португалецот го прикажа против Хетафе, би рекле „да“. Во 55-тата минута од натпреварот, Феликс доби една топка во својата половина и тргнa во слалом ала Марадона. Гостинските играчи не можеа да го сопрат во налетот кон голот, па на крајот Бруно Гонсалес го запре со фаул за пенал кој Алваро Мората го промаши.