Фантазиите стануваат кошмари во трејлерот за „Fantasy Island“

Хоророт „Fantasy Island“ доби нов морничав трејлер, во кој акцентот е поставен на оживување на фантазиите на главните ликови во нивни најлоши кошмари. Филмот е во режија на Џеф Вадлов, базиран е според истоимената серија на Џин Левит.

Во главните улоги се појавуваат Мајкл Пења, Меги Кју, Луси Хејл, Остин Стовел, Џими О. Јанг, Рајан Хенсен и Мајкл Рукер.

Премиерата е закажана за 14 февруари 2020 година.