Еврогол на Митровски за Спортинг

Нашиот младински репрезентативец синоќа ја искина мрежата на тимот на Авеш.

Димитар Митровски во последната минута од натпреварот со топовски волеј стави точка за конечни 4:0 за неговиот Спортинг. По еден корнер, налета на одбиена топка и буквално распали.

Митровски игра во лигата за играчи до 23 години каде Спортинг по две кола е прв со две победи и без примен гол.

(голот е на 1:18)