Ерменските власти соопштија дека постигнале договор за враќање на четирите напуштени погранични села во Азербејџан, што е еден од условите за потпишување на мировниот договор.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Азербејџан, портпаролот Ајхан Кајизаде, рече дека Ереван ги прифатил условите на Баку.
„Ерменија се согласи да врати четири села кои се под окупација од раните 90-ти“, рече тој.
Министерството за надворешни работи на Ерменија, пак, преку соопштение наведува дека во текот на осмата рунда преговори за дефинирање на границата меѓу двете земји е постигнат прелиминарен договор.
Во прелиминарниот договор се вклучени селата Баганис Ајрим, Ашаги Аскипара, Хејримли и Кизилхаџили, се вели во соопштението.
За севкупната ситуација на крајот на март се изјасни и премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, кој рече дека Ереван е подготвен на компромис за да се спречи нова војна.
„Властите во Баку велат, ајде меѓусебно да ги ослободиме населени делови од селата и потоа да разговараме за нивните територии. Нашата политика е дека не смееме да дозволиме да започне војна. Затоа решивме да ја разјасниме границата на Ерменија во оваа област“, рече Пашинјан.
Тој исто така рече дека Ерменија побарала да се вратат 31 село под нејзина контрола, а Азербејџан бара 4 населени места.