Ердоган: Турција не може да прими нов бегалски бран од Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска предупреди дека неговата земја веќе не може да ги отвори границите во случај на нов бегалски бран, што се заканува по нападите врз Идлиб во Сирија.

-Турција веќе згрижи милиони сириски бегалци и на тој начин ја заштити цела Европа, изјави Ердоган.

На приемот за американскиот министер за трговија Вилбурн Роша во Анкара, Ердоган истакна дека од Турција веќе не може да се очекува тоа да го прави во случај на нов бегалски бран, што се заканува заради нападот во сирискиот Идлиб, пренесува агенцијата Анадолија.

Ердоган го коментираше и турско-американскиот договор за воспоставување зона на безбедност на северот на Сирија. Неговиот предлог за зоната, појасни, своевремено бил одбиен од американскиот претседател Барак Обама, но актуелниот претседател Доналд Трамп позитивно одогорил на него.

Според него, Турција инсистира на тоа регионот источно од Еуфрат и ирачката граница да се исчисти од „терористичката закана од Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот. Кажа и дека за него е неприфатливо САД да испраќаат илјадници шлепери помош и оружје во тој регион, што, додаде, на крајот стануваат закана за Турција.

-Од САД очекуваме да бидат крај нас во борбата против тероризмот и настојувањето да воспоставиме безбедносна зона за мигрантите, рече Ердоган.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе