Ердоган нареди: Сите службени возила во странство мора да бидат Passat

Volkswagen најави огромни вложувања во Турција и со тоа доби посебен статус.

Откако германската компанија најави вложувања од околу една милијарда евра за изградба на фабрика за автомобили во Турција, претседателот Реџеп Тајип Ердоган одлучи да се „заблагодари“ на свој начин.

Неговата одлука е сите службени возила во странство по истекувањето на договорите за наем да бидат заменети со возила на Volkswagen, поточно со моделот Passat што наедно и ќе се произведува во Турција, објави Bloomberg.

Со ваквата одлука, турските дипломати ќе треба да заборават на возилата Audi A6 што ги користат сега. Се очекува одлуката да ги зафати и државните институции, па тоа би значело илјада примероци Passat во државниот возен парк.

Турската влада лани платила речиси 100 милиони долари на изнајмување возила, што значи дека на Volkswagen навистина ќе им се исплати инвестицијата.

Фабриката во Измир до 2022 година ќе има капацитет од околу 300.000 возила годишно. Пет илјади работници ќе произведуваат Passat и Škodа Superb возила, додека фабриката во Емден во Германија ќе се префрли на производство на електричните I.D. модели.

Во меѓувреме, пазарот на автомобили во Турција не е во најдобра состојба. Во првите седум месеци од 2019 година продажбата се преполови и падна од 481.982 единици во истиот период во 2017 година на само 212.605 во 2019 година.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе