Енди Мареј и неговата сопруга Ким Сиарс минатата недела го добија нивното трето дете, потврди дедото на славниот тенисер.
Во разговор за The Scottish Sun, Рој Ерскин кажа дека двојката добила син.
„Уште не знаеме како ќе се вика, имам видено само фотографија. Мило ми е што сѐ заврши добро и што мајката и бебето се одлично“, рече Ерскин.
Мареј и Сиарс веќе ги имаат ќерките Софија (3) и Иди (2).
Во интервју за The Times Мареј (32) претходно потврди дека ќе направи кратка пауза во кариерата за да се подготви за доаѓањето на третото дете.
„Дефинитивно ќе имам помалку време за кариерата, со сопругата ќе бидеме прилично зафатени со три деца помали од четири години. Ќе се обидам да бидам што е можно поприсутен следната година, но знам дека тенисерската кариера нема да ми трае засекогаш, така што ќе мора да има рамнотежа меѓу приватниот живот и работата“. Рече тој.
Мареј и Сиарс се заедно откако се запознале во тинејџерските денови на американскиот турнир Самер Опен 2005 година. Се венчаа во 2015 година.