Ем винтиџ, ем електрично: Porsche 912 со Tesla мотор

Ова Porsche 912 од 1968 година со 550 коњски сили ја добива моќноста од неочекуван извор: електричниот мотор на Tesla Model S P85.

Две автомеханичарски работилници од Калифорија - Zelectric Motors и EV West – се дизајнерите на ова несекојдневно возило што ќе ги одушеви и љубителите на винтиџ возила и поклониците на модерните електрични автомобили.

Ова е нов начин за „спасување“ на олдмобили, но сепак идејата ги одушевува сите, особено не поборниците за „олд скул“ возилата на бензин и дизел.