Електронски систем за наплата на сите патарини со 13,7 милиони евра

Скопје, 20 септември 2019 (МИА) – Со 13,7 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР и Буџетот, ќе се воведе електронски систем за наплата на сите патарини, со што ќе се забрза транспортот, ќе се олесни протокот на возила и ќе се намали метежот.

Средствата во износ од 13 милиони евра се од ЕБОР, а државата обезбедува 700 илјади евра. Договорот за користење на средствата од ЕБОР беше потпишан денеска во Скопје од страна на министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава Анди Аранитаси и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. На потпишувањето на Договорот присуствуваше и минситерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Со проектот се предвидува надградба и модернизација на постојните наплатни станици за патарина долж Коридорот VIII, изградба на три нови наплатни станици за патарина на автопатски делници што се во тек на изградба – две на автопатoт Миладиновци-Штип и една на автопатoт Кичево-Охрид. Се предвидува инсталација на опрема за поврзување на надградените и новите наплатни станици за патарина со оперативниот центар за патарини во Петровец. Издвоени се средства за дизајн и изградба на дополнителна лента за зголемување на капацитетот на наплатната станица за патарина на Миладиновци долж Коридорот VIII.

Со проектот е предвидено и инсталирање фотоволтаични соларни панели на сите постојни и нови наплатни станици за патарина, кои се градат на целата автопатска мрежа.

Со воведувањето на електронскиот систем на патарините се очекува зголемување на ефикасноста на протокот на возила и зголемување на приходите од патарини. За три месеци, како што рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, граѓаните го прифаќаат овој начин на наплата и дека се издадени 9.200 електронски картички и тагови за наплата на патарина кои  се применуваат на патарините долж Коридорот 10.

Китанов е задоволен од наплатата и вели дека таа изнесува 98 проценти. Зголемената наплата, според него, се должи на максималната контрола и тоа дека се патува повеќе и очекува годинава да се наплатат повеќе средства од патарина од претходната година кога биле прибрани максимален износ.

Електронскиот систем за наплата е дел од интелегентниот транспортен систем со кој ќе се модернизира транспортот и ќе се зголемиме функционалноста, безбедноста и предвидливоста на сообраќајот на патиштата.

– Наша конечна цел е да создадеме хармонизиран транспортен сектор, интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, кој ќе го стимулира економскиот развој на земјата и ќе биде од бенефит не само за граѓаните денес, туку и за генерациите што следуваат, рече Сугарески.

Министерката за финансии Ангеловска истакна дека вложувањето во подобра инфраструктура е еден од клучните приоритети на оваа Влада.

– Приоритет е и подобрувањето на услугите кои ги добиваат граѓаните од државата. Од таа причина, договорот кој го потпишуваме денеска со Европската банка за обнова и развој е од исклучително значење за сите нас. Со имплементација на овој договор ќе се обезбеди побрз и полесен транспорт, без гужви на патарина, зголемена безбедност во сообраќајот, и воведување на електронски систем за патарини на територијата на целата земја, рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додаде и дека преку проектот ќе се подобри ефикасноста на наплатата на патарини, што пак ќе придонесе зголемување на обемот на приходи на ЈПДП и нивно користење за подобрување на одржување на патната мрежа во земјава.

Директорот на Канцеларијата на ЕБОР истакна дека Банката поддржала седум проекти во патната инфраструктура во земјата во висина од 360 милиони евра.

Тој посочи дека овој проект е всушност втора фаза од спроведувањето на централизираниот електронски систем за наплата на патарини.

– Со проектот ќе се поддржи користењето обновлива енергија од фотоволтаични соларни панели за снабдување на сите наплатни станици за патарина ширум земјата со енергија. Воедно, овој проект ќе придонесе за намалување на емисијата на штетни гасови бидејќи ќе се намали времето на чекање за корисниците на патиштата на Коридорот VIII, рече Аранитаси, директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава.

Условите под кои се зема заемот од ЕБОР се исклучително поволни – каматната стапка од 6-месечен ЕУРИБОР плус 1 отсто,  односно во моментот еден отсто камата, рок на отплата од 15 и пол години со грејс-период од четири години.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе