Електричните тротинети добиваат статус на ниво на велосипеди

Скопје, 6 декември 2019 (МИА) – Комисијата за одбрана и безбедност денеска за понатамошно читање предложи измени и дополнувања на 14 закони, кои генерално како што појасни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се усогласувања со законот за прекршоци освен кај измените на законот за безбедност во сообраќајот.

Со Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како што кажа Спасовски се предвидува укинување на негативните поени за возачите, бидејќи се увидело дека тоа не било ефикасно за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Се уредува и управувањето со тротинети во сообраќајот, што според министерот за внатрешни работи, ќе биде на ниво на велосипеди.

– Тука апсолутно немаше никаква регулација, каде да се движат, кои правила треба да ги исполнуваат. И тука ги имаме дефинирано условите за нивното учество во сообраќајот, каде може да се движат, брзината, возраста на лицето кое управува со нив, користење на заштитна опрема, употребата на светла… Практично тоа е на ниво на велосипеди, информираше Спасовски.

Исто така се предлага и зголемување на возрасната граница за управување со автомобил од 70 на 75 години и рокот на важење на сообраќајната дозвола до пет години.

Во однос на глобите тие се намалуваат, како што кажа Спасовски, согласно законот за прекршоци. Во однос на правните лица, сумата ќе биде во зависност од големината на компанијата или трговците.

Пратениците Фросина Ташевска Ременски и Самка Ибраимовски имаа свои забалешки за глобите.

Ременски смета дека не секогаш намалувањето на глобите за прекршоци во сферата на заштитата на човековите права, здравјето и безбедноста на граѓаните е добра политика.

 – Секако казнената политика особено во делот на глобите се мака на граѓаните имајќи ги предвид дека и ние како политичари сме ги критикувале високите глоби, но треба да се земе предвид фактот дека високите глоби во сферата на безбедноста, тргувањето до опасни материи, во сферата на оружјето, на следењето на комуникации и во сферата на безбедноста во сообраќајот ги дала резултатите затоа што најчесто токму тие високи глоби била закана, предупредување за граѓаните како допир со таа материја, какви санкции им следуваат и каква глоба следува доколку сторат прекршоци, рече Ременски.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе