Една година од уривањето на мостот Моранди во Џенова

Пред точно една година, на 14 август 2018 во точно 11 часот и 36 минути се урна мостот Моранди во италијанскиот пристанишен град Џенова при што загинаа 43 лица.

Граден од 1963 до 1967, мостот Viadotto Polcevera популарно викан Моранди во чест на неговиот архитект Рикардо Моранди ги поврзуваше двата дела на градот преку реката Полчевера и беше главна траса кон Торино и соседна Франција.