Авто новости

Џереми Кларксон: Грета е идиот, поради неа младите не сакаат автомобили

29. ноември 2019 - 14:45 | Б.С.Б.

Грета Тунберг го постигна невозможното, по велосипедистите се најде на врвот на листата на најомразени личности на Џереми Кларксон. Водителот на автомобилското шоу ја обвини 16-годишната активистка дека е главна причина поради која младите луѓе денес ги мразат автомобилите.

Во разговор за The Sun, 59-годишниот Џереми луто зборуваше за Грета:

„Сите помлади од 25 години кои ги познавам ни најмалку не се заинтересирани за автомобили. Грета Тунберг го уби шоуто за автомобили. Во училиште ги учат уште пред да научат  да кажат мама и тато, дека автомобилите се зло во општеството и тоа е всадено во нивните глави“, вели Кларксон.

Со неговиот став се согласува и колегата и долгогодишен соработник на Кларксон, 49-годишниот Ричард Хемонд.

„Мразам да го кажам ова, но изгледа дека Џереми е во право. Младите луѓе не обрнуваат внимание за автомобилите. Колку деца денес растат со постери од автомобили на ѕидовите на спалната соба?“

И покрај грчевите што ги предизвика кај нив Грета, нејзината еколошка загриженост достигна и во нивната емисија. За првпат во 20 години, откако Џереми, Ричард и Џејмс Меј почнаа да работат на Top Gear, се снимени како разговараат за климатските промени.

„За првпат проговоривме за глобалното затоплување и притоа не се однесувавме идиотски. Климатските промени се реалност. Промена на мислењата не е дозволена. Само идиот не го менува своето мислење кога ќе се соочи со докази. Прашање е што да се прави околу тоа. Расправата е поинтересна од тоа што навистина се случува“, изјави Џереми и потоа се осврна на Грета.

„Таа е идиот, зборувањето како сите ќе умреме не е решение за проблемите, драга моја“, вели тој.