Џејсон Стејтам и Двејн Џонсон во првиот трејлер за „Fast & Furious: Hobbs & Shaw“

Пристигна првиот трејлер за спинофот од франшизата „Fast & Furious“ наречен „Hobbs & Shaw“, во кој главните улоги ги имаат акционите ѕвезди на оваа генерација – Двејн Џонсон и Џејсон Стејтам.

Покрај Стејтам и Џонсон, во „Hobbs & Shaw“ се појавуваат уште Идрис Елба, Ванеса Кирби, Роман Рејнс, Хелен Мирен и Еиза Гонзалез. Датумот за премиера и понатаму останува непознат.