Доказ дека годините се само бројка
Новата реклама на Nike со наслов „Nike: Unlimited Youth“ е еден вид краток филм за 86-годишна калуѓерка која дефинитивно ќе ве инспирира да почнете да спортувате.
Станува збор за сестра Мадона Будер која започнала да се натпреварува во Ironmen натпреварите, на 65-годишна возраст. На 75 години станала највозрасната жена која се натпреварувала, а на 82 години постави рекорд на најстара жена која некогаш се натпреварувала. Сега има 86 години и сè уште е активна, таа трча, плива, вози велосипед и е поенергична од повеќето млади луѓе.