Кошарка
НБА 2019/20

Док Риверс ја забележа победата број 900 како НБА тренер

8. ноември 2019 - 10:06 | МИА

Лос Анџелес, 8 ноември 2019 (МИА) – Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс победија на домашен терен со 107:101 против Портланд, а покрај шестиот успех сезонава тие ја донесоа и победата број 900 на својот тренер Док Риверс.

Тој е тринаесеттиот ментор во историјата на лигата по Дон Нелсон, Лени Вилкинс, Грег Попович, Џери Слоан, Пит Рајли, Џорџ Карл, Фил Џексон, Лери Браун, Рик Аделман, Бил Фич, Ред Ауербах и Дик Мота со слично достигнување.

Педесет и осум-годишниот Риверс ја започна својата тренерска кариера во 1999 година во Орландо Меџик, потоа го предводеше Бостон Селтикс, а во 2013 година беше на чело со Клиперси. Покрај тие 900 победи, тој има 661 порази.

Каваи Лонард се врати со 27 поени и 13 скока за Клиперс, Лу Вилијамс постигна 26 како резерва. Ленард ја комплетираше статистиката со 4 асистенции, 2 блока и 6 грешки. Демиен Лилард и СиЏеј МекКалум постигнаа по 22 за Портланд.

Резултати:
Шарлот Хорнетс – Бостон Селтикс 87:108
Сан Антонио Спарс – Оклахома Сити Тандер 121:112
Феникс Санс – Мајами Хит 108:124
Лос Анџелес Клиперс – Портланд Треил Блејзерс 107:101

Лидери во одделни дивизии:

Источна конференција
Атлантик дивизија: Бостон Селтикс – 6 победи, 1 пораз
Централна дивизија: Милвоки Бакс – 6/2
Југоисточна дивизија: Мајами Хит – 6/2

Западна конференција
Северозападна дивизија: Денвер Нагетс – 5/2
Пацифик дивизија: Лос Анџелес Лејкерс – 6/1
Југозападна дивизија: Далас Старс – 5/2