Доделувањето на Златна топка 2019 низ фотографии

Лионел Меси ја освои Златната топка за Најдобар фудбалер за 2019 година, според гласовите на 175 спортски новинари од целиот свет. Ова е шеста Златна топка за Меси.

Во анкетата на францускиот неделник France Football за 2019 година, напаѓачот на Барселона со 686 поени го победи одбранбениот играч на Ливерпул Вирхил ван Дајк кој заврши на второто место со 679 поени.

Најголемиот ривал на Лео во последните 10 години, Кристијано Роналдо кој сега игра во Јувентус, заврши на третото место со 476 поени. Тој не дојде на свеченоста во Париз.

Каква беше атмосферата на свеченоста погеледнете во галеријата.