Доделена државната награда „11 Октомври“

На академик Љупчо Коцарев, научен работник, на актерот Петар Мирчевски и на писателот и ликовен уметник, Димитри Дурацоски денеска во Собранието на Република Северна Македонија им беше врачена државната награда „11 Октомври“. Наградата Коцарев ја доби за животно дело во областа на науката, а Мирчевски и Дурацоски за животно дело во областа на културата и уметноста.

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“, која е највисоко признание за животно дело. На добитниците наградата им ја врачи претседателот на Одборот, Драги Ѓоргиев.

Од име на добитниците пред присутните се обрати Коцарев, кој се заблагодари за наградата и рече дека реформите во образованието се толкуваат многу повеќе како средство за постигнување определени економски и политички цели, отколку како механизам за негување на демократските општествени односи, промоција на граѓанското општество, интелектуалноста и колективниот одговор на глобалните кризи, што се длабоко вкоренети во нашите економски, социјални и политички системи.

– Овие реформи имаат тенденција да ја намалат вредноста и значењето на уметностите, хуманистичките и општествените науки, како и општествено ангажираните форми на настава и учење во корист на стандардизираните и испишани наставни програми насочени кон создавање усогласени работници, рече Коцарев.

Потрагата по одговорите поврзани со нашите приоритети, потенцира, треба да започне токму од секторите образование и наука.

– Рамките во кои треба да се постават реформите во овие сектори се јасни. Ќе зависат од тоа дали ќе собереме сили да ги реализираме што поскоро овие реформи, а во тоа сум повеќе од убеден, условите за живот и благосостојбата на граѓаните во нашето општество. На прашањето „Каде одиме? Quo vadis?“, Исус одговорил „Одам во Рим за повторно да бидам распнат“. За да не бидеме „распнати“, нас ни треба образование и наука, додаде Коцарев.

На доделувањето на државната награда присуствуваа премиерот Зоран Заев, заменици министри, пратеници, уметници, академици, актери…

Премиерот Заев по доделувањето на наградата изјави дека денеска се одбележуваат 78 години од почетокот на нашата борба, дигајќи се преку востание за слободна независна самостојна Република Македонија тогаш, сега Република Северна Македонија.

– Сакам да ја искористам можноста да им го честитам големиот празник на сите наши граѓани и да посакам вечна да ни е слободата, да ја негуваме, да ја надградуваме, да расте, за да ни биде и животот попријатен, додаде Заев.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе