Хроника

Девојка од Стајковци го нападнала обезбедувањето во дискотека, а потоа и полициски службеник

9. септември 2019 - 16:49 | МИА

Вчера 5:45 часот во Полициска станица Карпош била приведена Т.Н.(24) од с.Стајковци, скопско.

Девојката околу 2 часот во дискотека во Скопје го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лице од обезбедувањето, а при обид за нејзино легитимирање физички нападнала и полициски службеник.

Т.Н. била во алкохолизирана состојба.

По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.