Десет работи во спалната што го саботираат сексуалниот живот

Проблемите во спалната соба не секогаш се предизвикани од односот меѓу двајца луѓе. На тоа можат да влијаат и различни фактори како што се лошото светло во собата или пак мобилниот телефон.

Прочитајте кои работи можат да го нарушат сексот и да ја „убијат“ атмосферата:

1. Мобилните телефони

Оставете го мобилниот пред да легнете. Посветете се на личноста со која го делите креветот, а не на сурфањето и одговарањето на пораки.

2. Телевизијата

Ако сакате убава атмосфера во спалната, оставете го телевизорот во дневната соба. Телевизорот во спалната може да ве натера да се загледате во некој филм, па место да уживате со партнерот или партнерката, ќе заспиете гледајќи го филмот.

3. Валкана постелнина 

Ова воопшто не е пријатно и секси, особено ако сте сами и сакате да изградите сериозна врска.

4. Куп носена облека

Освен што не мириса убаво, облеката што стои на мебелот во спалната соба едноставно оддава слика на неуредност, а тоа може да биде многу одбивно за некој со кого сакате да развиете интимност.

5. Несоодветна боја

Една студија спроведена во Британија покажала дека луѓето што имаат сива боја во спалната соба, имаат најнередовен секс. Најчесто сексот се одвивал кај оние со виолетови ѕидови.

6. Траги од бившиот партнер

Било какви траги од животот со поранешниот партнер/ка можат да бидат одбивни и да ја убијат сексуалната желба, особено ако ги видат потенцијалното ново момче или нова девојка.

7. Непријатни мириси

Ако собата мириса лошо, шансите за секс се речиси никакви. Затоа трудете се собата секогаш да е проветрена, да мириса убаво и да има свежа постелнина.

8. Погрешни работи на наткасната

Не би било пријатно ако доѓате дома со новата девојка, и таа види слика од вашата мајка на полицата веднаш до креветот. Направете ја спалната така за да биде идеална за опуштање, без работи што можат да го одвлечат вниманието.

9. Лоша уметност

Место досадни мртви природи и гоблени, одберете слики со нешто што е помодерно и со мотиви кои создаваат убаво чувство кај гледачот.

10. Неонки

Неонките ниту се пријатни, ниту нешто изгледа убаво под нивната светлина, ниту пак може убаво да се гледа. Одберете некое потопло светло кое ќе може дополнително да се намали, за да ја разубави атмосферата.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе