Делиите дивееја низ Берн тепајќи Швајцарци

Движејќи се кон стадионот пред натпреварот меѓу Јанг Бојс и Црвена звезда, српските навивачи тепале улични минувачи кои наводно ги провоцирале со извици за Косово.

Синоќа Јанг Бојс и Звезда одиграа 2:2 во Берн во првиот натпревар од плеј-оф рундата за пласман во Лигата на шампиони.