Davanti Tyres отвори нов фронт во Македонија во партнерство со „Мотоцентар“

Британската фирма за гуми, која од 1994 година изгради сеопфатна мрежа на бренд за гуми, центри за автосервис и независни партнерски трговци на мало во целата држава, потпиша ексклузивен договор за дистрибуција со „Мотоцентар“.

Како имател на ексклузивни права за снабдување на „Даванти“ како дистрибутер, „Мотоцентар“, исто така, ќе нуди сервис за возачите директно преку неговите специјализирани салони за гуми во Скопје, Прилеп, Штип, Куманово и Битола.

„Мотоцентар“ ќе ја снабдува целата палета на гуми на Davanti Tyres, од целосно нови, гуми за секаков терен Terratoura, специјални зимски гуми за автомобили Wintoura, гуми со ултра високи перформанси DX640, SUV специјални DX740, гуми за лимузини DX390, за мали патнички автомобили DX240 и за лесно комерцијално комбе и пневматици DX440.

Горан Гроздоски, генерален директор на „Мотоцентар“, рече дека партнерството не само што ќе воведе свеж, возбудлив, нов бренд во Македонија, туку и ќе ја подобри безбедноста на возачите и пешаците, благодарение на комбинацијата на „Даванти“ од напредно техничко истражување и развој и исклучително вреднување на парите.

„Потрошивме многу време разгледувајќи ја палетата на гуми на „Даванти“, нивниот режим на тестирање, нивната долготрајна издржливост и сме воодушевени,“ рече Горан.

„Мотоцентар“, повеќе од две децении е лидер во снабдувањето со и монтирањето гуми во Македонија и посветени сме на тоа да бидеме лидер во целата област и да поставиме високи стандарди во нашите салони, кај партнерите од мрежата и кај добавувачите.“

„Сè што видовме и искусивме со „Даванти“ ни покажува дека палетата на гуми нуди многу напредни нивоа на перформанси, управување и кочење во секакви услови.  Но, начинот на кој се развиени значи дека тие не се со претерано висока цена.“

„Водечките перформанси на пазарот сега им се достапни на возачите во Македонија што се постојано на пат.“

„Многу сме возбудени за ова партнерство“, рече генералниот директор на „Даванти“, Питер Крос. „Мотоцентар“ има импресивна дистрибутивна мрежа и ги споделува нашите вредности за нудење производ со висок квалитет, кој се одликува со високи перформанси, токму кога потрошувачите имаат потреба од нив.“

„На пазар каде се менуваат повеќе од 300.000 гуми годишно, сега имаме можност на македонските потрошувачи да им дадеме избор кој нуди безбедност, квалитет, перформанс и пристапна цена.“

„Партнерството на „Даванти“ со „Мотоцентар“ е возбудливо, бидејќи брендот е совршено соодветен за домашниот пазар во Македонија“, рече регионалниот директор за продажба на „Даванти“, Данијел Томашиќ.

„Нашата палета на производи е динамична и променлива, но нашата фокусираност на врвен дизајн и врвни производствени техники значи дека сме ефикасни и брзи.“ „Даванти“ може да се приспособи и да иновира без да ги пренесе премиум трошоците на трговците или потрошувачите.“

„Со други зборови, гумите што ги произведуваме и добавуваме даваат одличен перформанс што возачите што постојано се на пат може да си го дозволат.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more
 

Вести

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе