Фитнес & Здравје

Дали може да се предозирате со овошје?

13. август 2019 - 12:28 | М.С.

Едно јаболко на ден и лекар не ви е потребен.

А две јаболка? Сигурно се поздрави од чоколадо. Но, ако јадете четири дневно, пет, десет?

Дали прекумерната количина на овошје може да биде нездраво?

Дефинитивно може, вели германскиот лекар Карстен Лекутат. Овошјето содржи фруктоза, затоа е толку вкусно и слатко. Фруктозата е природен шеќер, а многу проблеми коишто произлегуваат од прекумерното внесување на шеќер.

Едно јаболко е здраво, три најчесто резултираат со масти на црниот дроб, вели докторот. Кога црниот дроб се замастува, многумина претпоставуваат дека тоа е заради алкохолот. Всушност, во 20-30% од случаите, тоа нема врска со алкохолот туку е поради фруктозата.

Затоа, треба да внимаваме кој вид на овошје јадеме и во кој период од денот затоа што не секое овошје има иста количина на шеќери. Бананите, јаболките, сливите, имаат повеќе шеќер за разлика од портокалот или шумското овошје.

Затоа, исто така е важно да внесувате поголема количина на свеж зеленчук .

Конзумирањето овошје треба да се прилагоди на животниот стил. Доколку некој сака да го започне денот со сок од портокал, мора да вежба за да го потроши внесениот шеќер.