Авто новости

Daimler ја најави електричната верзија на G-Kласа

8. ноември 2019 - 11:28 | М.С.

Од Daimler најавија дека на пазарот ќе се појави потполно електрична верзија на G-Класата.

G- Класа се едни од најскапите модели во богатата понуда на Mercedes, а реално е да се очекува дека електричната верзија ќе биде уште поскапа.

Ќе се продава под ознаката EQ и ќе го следи EQC кросоверот и другите електрични модели на германската компанија.

Меѓутоа, познато е дека електричната G-klasa веќе постои, а неа ја креира австриската компанија Kreisel Electric. 

Електричната класа развива 483 коњски сили и од 0 до 100 км/ч забрзува за 6,8 секунди до 183 км.

Капацитетот на батерија изнесува 80 kWh.

Засега не е позната информацијата кога ќе се појави на пазарот.