Авто новости

Citroën го претстaви C5 Aircross Hybrid: Комфорен и тивок

7. ноември 2019 - 16:24 | М.С.

Citroën тргнува во поход на пазарот на електрични возила и го претставува својот нов технолошки подвиг. Новиот SUV C5 Aircross Hybrid е тивок градски автомобил од класата ë-Confort.

Иако се докажа како пример во поглед на удобноста, понуди и 20 технолошки решенија за помош при возењето.

Новиот SUV C5 Aircross Hybrid е голем чекор за брендот Citroën на пазарот на електрични возила, чијашто цел е до 2025 година да воведе електрична верзија за целокупното производство.

Имено, 2020 година компанијата Citroën ќе биде збогатена со многу електрични возила и возила со хибридни мотори.

C5 ќе се движи речеси без звук и без вибрации во секојдневните возења и нуди комфорност во возењето.

Citroën има хибриден менувач 225 s со менувач ë-ЕАТ8, 225 коњски сили, литиум-јонска батерија со напон од 200 V, а максимален вртежен момент од 320 Nm.