Чекор по чекор: Од електричниот Volkswagen T2 Bulli до ID. Buzz

Кога Германија за прв пат стана европски фудбалски шампион, кога во Шведска се формира бенд наречен ABBA, истата година од производната лента во Волфсбург излезе првото електрично комбе.

Станува збор за 1972 година - малкумина знаат дека таа година всушност се родил сонот за целосно електричен Volkswagen „Bulli“, сон кој станал реалност 50 години подоцна со ID. Buzz. Заедно патуваме назад во времето до самиот почеток на идејата за ова комбе.

Пред повеќе од 50 години Volkswagen ја основал идејата за целосно електричениот ID. Buzz, кој во своите гени има многу генерации комбиња на Volkswagen: Во 1970 година, Адолф Калберлах го основал Центарот за развој на идни истражувања, кој ги дизајнираше првите Volkswagen со електрични погонски единици. Две години подоцна, Volkswagen го претстави електричното комбе базирано на T2 - прво како тест возило, а потоа произведено во помали серии со опционални надградби.

Remote video URL

Визијата за електричниот „Bulli“ се родила, иако сè уште нецелосно практична. Првиот прототип Т2 беше камион со отворен товар - тежеше 2,2 тона и носеше 880 килограми тешки батерии со капацитет од 21,6 kWh, кои во споредба со денешните батериски системи не само што беа тешки, туку складираа многу помалку енергија.

50 години подоцна, како резултат на долгогодишно истражување и развој, батериите во првата генерација на ID. Buzz имаат капацитет од 77 kWh и тежина од 500 килограми. Технолошкиот напредок донесе значително подобрување во возните карактеристики и опсегот, и овозможи целосно електричениот ID. Buzz да си го најде местото на пазарот.

Компактен MEB концепт за ID. Buzz

Кога станува збор за возни карактеристики, електричниот T2 од 1972 година беше заснован на платформата на конвенционален T2, како резултат на тоа батеријата мораше да биде поставена во товарниот простор за да може лесно да се замени. Од друга страна, ID. Buzz е конструиран на платформата Modular Electric Drive Kit (MEB) со целосно нова архитектура за електрични возила, што овозможи вградување на батерискиот пакет во подот на возилото. Резултатот е помал центар на маса што гарантира безбедност и многу подинамично и забавно возење. Исто така, се појавија нови можности во дизајнот на ентериер со многу повеќе достапен простор и сосема ново чувство на просторност.

Бидејќи напред нема мотор, се обезбедува значително поголем агол на управување кој на ID. Buzz му носи уште една предност: кругот на вртење е само 11 метри, како кај компактниот Golf. Опуштеното возење дури и во тесни места го прави совршен за тесни градски улици и паркинзи.

Полнење на батериите наспроти нивна замена

Бидејќи електричниот Т2 имаше автономија од само 85 километри со едно полнење, во 1978 година, при тестирање на флота од 7 возила Т2 во Берлин, за прв пат беше воведен методот на замена на батериите, многу иновативно решение во тоа време. Беа потребни само 5 минути за да се заменат празните батерии со полни на станицата за замена во областа Тиргартен. На овој начин се реши проблемот со неколкучасовното чекање кое беше неопходно за процесот на полнење.

Принципот на замена на батеријата повеќе не се користи бидејќи перформансите на полнење се неизмерно подобрени. Батеријата кај ID. Buzz, на пример, може да се полни од 5% до 80% за околу половина час, благодарение на максималниот капацитет на полнење од 170 kW на станиците за брзо полнење.

Систем за обновување на енергија Т2

Во 1970-тите Volkswagen разви системи за управување со енергијата. Електричното комбе Т2 имаше систем за обновување на енергијата што користеше кинетичка енергија ослободена за време на сопирањето за да ги наполни батериите, што беше технолошко ремек-дело во тоа време. Оваа технологија е значително подобрена и оптимизирана за ID. Buzz, но основниот принцип, генерирање енергија по инерција во затворен систем, остана ист. Овој систем го зголемува опсегот за 20 до 30%.

Драматични промени во текот на 5 децении

Благодарение на технолошкиот напредок, се случија некои суштински промени. Кој би можел, во далечната 1972 година, да замисли дека еден ден ќе може да го научи својот Bulli да се паркира, како што ID. Buzz може денес, или да разговара со него преку гласовна контрола и, да речеме, да побара од Bulli да ја прилагоди температурата во возилото или да пресмета маршрута со паузи за полнење?

Она што започна како пионерска работа со Т2 е реалност денес, 50 ​​години подоцна. Прогресивен и разноврсен, ID. Buzz ги комбинира најзначајните автомобилски трендови на денешницата, како што се електромобилноста, интелигентното вмрежување и информациските системи, надградбите преку воздух и техничките предуслови за автономно возење.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе