Технолошкиот институт во Масачусетс демонстрираше со каква способност располагаат мини роботите Cheetah.
Видеото прикажува девет робот како одат на тревник, прекриен со суви лисја, и вршат различни активности. Роботите одат, шутираат фудбалска топка, прават салто наназад.
Во еден момент синхронизирано танцуваат. Со ова видео МИТ покажува како напредува проектот со роботи кои ќе служат за истражувачки цели, но и за најразлични мисии.