Наука и технологија

Бум на небото: Се враќаат патничките суперсонични авиони

9. август 2019 - 13:44 | М.С.

Американската компанија Boom Supersonic соработува со француската авиокомпанија Dassault Systemes за да го направат новиот авион кој драстично ќе го намали времето на патување, објави бизнис-сајтот Forbes.

Во светот е познат само еден суперсоничен авион, францускиот Concorde, кој летал од 1976 до 2003 година. Во седумдесеттите пренесувал пошта за Советскиот Сојуз, а патници превезувал помалку од една година затоа што бил повлечен од сообраќај.

Во јули, 2000 година aвион Concorde на Air France се сруши откако полета од Париз. Во авионската несреќа загинаа сите 112 патници.

После терористичкиот напад на 11 септември во 2001 година, во САД  се намали продажбата на авиобилети, па затоа и Concorde се пензионираше.

Компанијата Boom Supersonic располага со вкупна финансиска актива од 141 милиони долари.

Прототипот на авион којшто ќе го произведува Boom Supersonic е наречен Overture (Увертира) и се очекува дека до 2023 година ќе го има првиот лет со брзина од 2,2 маха, што е побрзо од брзината на звукот.

Првиот модел од новиот авион ќе има околу 55-75 седишта во бизнис-класата, за разлика од Concorde којшто често летал полупразен.

Авионот ќе има и други предности. Сите седишта ќе бидат до прозорецот, така што ќе биде поудобно.

Замислете си летот од Токио до Лос Анџелес да трае шест наместо десет часа, или од Токио до Бостон да се стигнува за девет, наместо тринаесет часа.

Целта на оваа компанија е да се намалат трошоците, метежот и времето на патување.