Кучињата се најдобрите пријатели на луѓето, но истото може да се каже и за мачките. Особено ова важи за оние кои имаат мали деца.
Еден таков пример е мачка од Колумбија која нејзината улога на дадилка ја сфаќа многу сериозно. На снимка се гледа како мачката спречи бебе да падне низ скали додека мајката е отсутна.
Благодарение на брзата реакција на мачката видеото стана хит на интернет. Покрај тоа, ќе забележите дека мачката остана да стои на местото за да се увери дека бебето нема повторно да се упати кон скалите.