Бокс-офис: „Joker“ постави нов октомвриски викенд рекорд

Екипата зад „Joker“ има многу причини за славење. И покрај насилната тематика на филмот неговото премиерно прикажување во Северна Америка предизвика голем интерес кај публиката. Викендов филмот оствари нов рекорд на премиерно прикажување во октомври, со заработка од 93,5 милиони долари.

Претходниот рекорд на посетеност го држеше „Venom“, со заработка од 80 милиони долари. На меѓународен план, „Joker“ заработи 140 милиони долари на 73 пазари, резултирајќи со фасцинантни 234 милиони долари на глобално ниво.

Од премиерата на Филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби престижната награда Златен лав минатиот месец, „Joker“ исто така беше критикуван поради мрачниот спин на класичниот негативец од Бетмен. Филмот за Џокер, во изведба на Жоакин Феникс, е ставен под различни критики поради страв дека може да предизвика насилство, но стравувањата за среќа не се остварија. Публиката одлично реагираше на филмот.

На второто место на листата на Box Office Mojo се наоѓа филмот „Abdominable“ со заработка од 12 милиони долари, а меѓу првите пет се „Downton Abbey“ со 8 милиони долари, „Hustlers“ со 6,3 милиони долари и „It: Chapter Two“ со 5,4 милиони долари.

Ова е целосната листа:

1. „Joker,” 93,5 милиони долари

2. „Abominable,” 12

3. „Downton Abbey,” 8

4. „Hustlers,” 6,3 

5. „It Chapter Two,” 5,4

6. „Ad Astra,” 4,6

7. ”Judy,” 4,4

8. „Rambo: Last Blood,” 3,6

9. „War,” 1,5 

10. „Good Boys,” 900.000.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе