Боки 13 за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милески-Кичеец го пријавил Бојан Јовановски-Боки 13 во полиција.

Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а каде што посочи дека лица блиски до Кичеец му се закнуваат.

Јовановски вели дека Кичеец е човек што згрешил пред законот, а не одговарал за тоа и неговата реакција е очекувана.

„Ова е почеток на една битка и разрешница со цела криминална банда, а во оваа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милески-Кичеец“, рече Јовановски.

Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ ги оцени наводите на Кичеец како неосновани и укажа дека за лажното пријавување очекува одговорност.

Како што појасни Туфегџиќ, пријавата се однесува на три кривични дела – загрозување на сигурноста, демнење и кривично дело лажно пријавување. Ги отфрламе сите наводи, рече Туфегџиќ, бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за понатамошно процесирање.

Јовановски претходно на „Фејсбук“ објави дека лица блиски и под команда на Зоран Милески-Кичеец веќе неколку дена кон него дејствуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откаже второто гостување во поткастот кај Лазаров. Воедно, како што објави Јовановски, заканите и уцените кулминирале кога пред влезот на неговиот стан го пречекале две лица да му пренесат порака од Кичеец.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе