Концепти

BMW X5 Protection VR6 е отпорен на куршуми и на експлозив

27. август 2019 - 15:47 | Б.С.Б.

За оние кои се наоѓаат во многу опасни делови во светот, но и понатаму сакаат луксуз, вистинскиот избор за нив е новиот BMW X5 Protection VR6.

X5 изгледа како секој друг примерок на BMW теренски автомобил, но овој може да издржи пукање од „калашников“. Ако напаѓачите користат експлозив X5 може да издржи експлозија од 15 кг ТНТ на оддалеченост од 4 метри.

Дебелината на стаклото изнесува 30 милиметри и може да издржи напад со рачно огнено оружје. Ако проблемот се дронови, дополнително заштитениот покрив може да издржи експлозија од 200 грама C4 експлозив.

BMW X5 може брзо да се оддалечи од опасна локација благодарение на 4,4-литарскиот BiTurbo V8 мотор кој развива 523 коњски сили. Од 0 до 100 километри на час забрзува за 5,9 секунди, а неговата електронски ограничена максимална брзина изнесува 210 километри на час. Има специјална заштита на резервоар на гориво во случај на пожар.

Кога ќе почне со продажба и по која цена засега не е познато.