Авто новости

BMW има „чиста петка“, новиот Peugeot 208 изгуби една безбедносна ѕвездичка

10. октомври 2019 - 20:40 |

Направени беа безбедносни тестови EuroNCAP на новите модели на автомобили BMW Series 1, Series 3, Peugeot 208 и Jeep Cherokee.

Адутите на BMW ги оправдаа очекувањата – Series 1 ги задржа максималните пет ѕвездички за безбедност, додека седмата генерација Series 3 оствари најдобар резултат во класата во „сезоната“ 2018/19.

Резултатот можеше да биде уште подобар за BMW ако Series 1 имаше малку подобри седишта кои се малку пократки, но сепак пружаат адекватна заштита при фронтален удар.

Од друга страна, новиот Peugeot 208 остана без една ѕвездичка покрај новата технологија и безбедносни системи.

Новиот 208 имаше совршен учинок во сите области освен заштита на ранливоста на пешаците каде оствари само 56%.

Четири ѕвездички доби и Jeep Cherokee.